Неверојатниот Алкараз не запира: Победа и над Хуркач за финале во Мајами

Неверојатниот 18-годишен шпански тенисер Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Мастерсот во Мајами со победата над Хуберт Хуркач.

Алкараз на тој начин обезбеди трето финале во кариерата (Умаг и Рио), а прво на турнир од Серија 1000.

Во израмнет меч, Хуркач имаше предност од 3-5 во првиот сет, но Алкараз со серија од четири гема стигна до 7-5, а потоа Хуркач и во вториот сет имаше шанса за враќање во 11. гем од вториот сет, кога пропушти две брејк топки. Набрзо се влезе во тај-брејк кој Алкараз го доби со 7-2 за конечна победа.

Шпанецот во финалето ќе игра против Каспер Руд кој беше подобар од Франциско Серундола.

Се вчитува...