Одличниот Ансу Фати и магијата на Меси за победа на Барселона (ВИДЕО)

Барселона триумфираше со 0-3 на гостувањето против Селта во 4. коло од Ла Лига.

Каталонците одлично го почнаа натпреварот поведувајќи со 0-1 во 11. минута. Во центарот на вниманието повторно беше неверојатниот 17-годишен Ансу Фати кој погоди по асистенцијата на Кутињо.

На почетокот од второто полувреме, Барселона дојде и до 0-2. Меси фантастично мина двајца противнички фудбалери и нафрли, а топката во сопствената мрежа ја смести Олаза…
Роберто во 95. минута ги постави конечните 0-3, за нови три бода на Барселона.

Се вчитува...