Неверојатниот Емини го реши Скопје среде Автокоманда (ВИДЕО)

Македонија Ѓорче Петров славеше на гостувањето кај Скопје со 1-2 во премиерниот натпревар од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига. По првиот дел кој помина без голови, во второто полувреме бевме сведоци на неверојатен натпревар.

Прво домаќините поведоа преку Јашаровски во 58. минута, по големата грешка на голманот на „лавовите“ Тасев. Сепак, на сцена стапи Сефер Емини кој со два неверојатни гола во 67. и 77. минута донесе триумф за тимот од Ѓорче Петров.

 

ПМФЛ – 14. КОЛО: 

Скопје: СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-2)

Јашаровски 58′ – Емини 67′ и 77′

УТРЕ (13 ч.)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ТИКВЕШ 

Велес: БОРЕЦ – РЕНОВА 

Тетово: – ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 

Скопје: ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР

Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 

 

Се вчитува...