ЕКИПА во Рим,
Никола Станикевски
Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива од 5-2 на гостувањето кај Италија во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија. Нашите фудбалери одиграа едно во најмала рака слабо прво полувреме, во кое во сите 45 минути беа инфериорни на теренот, што беше клучно за поразот. Во второто полувреме со влегувањето на Јани Атанасов успеавме да заиграме подобро, но тоа на крајот сепак не беше доволно по големата негатива од првиот дел.
Првата мини-шанса во натпреварот ја имаше Македонија кога во шестата минута Елмас имаше отворен простор по левата страна, но нашиот „дијамант“ не биеше баш најдобро, а неговиот удар го блокираше Дармијан.
Аѕурите успеаја да ја затресат мрежата на Македонија во 13. минута преку Џакомо Распадори, но голот по проверка на ВАР беше поништен поради офсајд. Италијанците повторно се заканија во 16. минута кога Киеза биеше, но неговиот удар одлично го скроти Столе Димитриевски. Следеше корнер за Италија по кој домаќините преку Дармијан поведоа со 1-0 во 17. минута.
Matteo Darmian’s goal for Italy against North Macedonia. 🇮🇹⚽️ pic.twitter.com/pQnH1NjXwe
— Inter Xtra (@Inter_Xtra) November 17, 2023
Домашната репрезентација имаше нова шанса во 30. минута кога Киеза повторно биеше кон нашиот гол, но беше успешно изблокиран. Македонија беше индиспонирана и во продолжението на првото полувреме, а новата закана од противникот стигна во 36. минута кога Распадори биеше кон нашиот гол, но неговиот удар заврши над пречката.
По третиот корнер на Италија, Серафимов неспретно играше со рака во нашиот шеснаесетник, по што главниот судија Феликс Цвајер во 38. минута покажа на белата точка. Одговорноста да го изведе казнениот удар ја имаше повратникот во репрезентацијата Жоржињо, но Столе Димитриевски уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите голмани моментално во Европа успевајќи на маестрален начин да го спречи обидот на Италијанецот. „Аѕурите“ продолжија со уверливата игра, а само две минути по пеналот повторно нашата слаба реакција во одбраната ја искористи Федерико Киеза кој со удар од шеснаесетина метри зголеми на 2-0.
🚨🚨| GOAL: Chiesa scores for Italy.
Italy 2-0 North Macedonia
— CentreGoals. (@centregoals) November 17, 2023
Истиот фудбалер до крајот на првиот дел со неверојатен погодок донесе нова радосто за домаќините во третата минута од судиското продолжение за 3-0.
⚽️🇪🇺 GOAL | Italy 3-0 North Macedonia | Chiesa
CHIESA MAKES IT THREE!pic.twitter.com/FAXRs3QY6h
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) November 17, 2023
Милевски на стартот на вториот дел реагираше веднаш со тројна замена Ристовски-Ашковски-Атанасов влегоа на место на Миовски, Манев и Адеми, а веднаш тоа вроди со плод бидејќи токму Јани Атанасов во 52. минута успеа да намали на 3-1.
GoaL! | Italy 3-1 North Macedonia | Jani Atanasov 🅰️ Ezgjan Alioskipic.twitter.com/7ysZ9QPt23
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 17, 2023
Јани Атанасов дефинитивно донесе големо освежување во нашиот тим, а токму овој играч успеа да намали на 3-2 во 74. минута, откако неговиот удар се одби од Ачерби и заврши во голот на противникот.
GoaL! | Italy 3-2 North Macedonia | Jani Atanasovpic.twitter.com/J8Ao0dXIB3
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 17, 2023
Италија повторно стигна до два гола позитива преку Распадори во 81. минута (4-2) и со тоа ги разреши сите дилеми околу победникот на мечот. Конечните 5-2 беа дело на Ел Шарави во 94. минута.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Aлиоски, Муслиу, Серафимов, Манев (Ашковски), Димоски, Адеми (Атанасов 52′, 74′), Елези (Алими), Барди, Елмас (Чурлинов), Миовски (М. Ристовски).
ЗАМЕНИ: Алексовски, Шишковски, Илјазовски, Ашковски (Манев), Чурлинов (Елмас), Митровски, Давид Бабунски, Алими (Елези), Милан Ристовски (Миовски), Даци, Атанасов (Адеми), Тодороски.
ИТАЛИЈА: Донарума, Дармијан 17′, Гати, Ачерби, Димарко, Барела, Жоржињо (Кристанте), Бонавентура (Фратези), Берарди (Ел Шарави), Киеза 41′, 45+3′ (Заниоло), Распадори (Скамака).
ЗАМЕНИ: Проведел, Карнеши, Лазари, Манчини, Бонџорно, Скамака (Распадори), Кристанте (Жоржињо), Фратези (Бонавентура), Политано, Заниоло (Киеза), Ел Шарави 90+4 (Берарди), Камбијасо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА