Неверојатниот Леброн Џејмс си го прослави 38. роденден со партија која засекогаш ќе ја памети (ВИДЕО)

Леброн Џејмс својот 38-ми роденден го прослави на најдобар можен начин. Неговите ЛА Лејкерс славеа против Аталанта со 130-121, а Џејмс мечот го заврши со 47 поени, дополнети и со 10 скока и девет асистенции.

Леброн ја имаше најдобрата партија сезонава поради што ривалите не можеа да го запрат.

Денвер, пак, на крилјата на Никола Јокиќ славеше против Мајами со 124-119. Јокиќ запиша 19 поени, 12 скока и 12 асистенции, а најефикасен на мечот беше Адебајо со 22 поени.

Голден стејт го победи Портланд со 118-122. Кај Вориорс се истакнаа Пол со 41 поен, додека кај поразената екипа најдобар беше Лилард со 34 поени.

Њу Орлеанс Пеликанс триумфираа против Филаделфија со 127-166. МекКалум беше незапирлив за гостите запишувајќи 42 поени, а го следеше Вилијамсон со 36 поени. Кај Филаделфија најдобар беше Ембид со 37 постигнати поени.

Се вчитува...