Неверојатниот Мурињо – „Специјалниот“ поради Сон почна да учи корејски

Иако имаше многу несогласување со голем број фудбалери, мал е бројот на тие кои што немаат пофални зборови за Жозе Мурињо. Португалецот секогаш се посветува на своите фудбалери до неверојатно ниво, а за тоа сведочи и податокот дека течно говори шест јазици. Покрај мајчиниот португалски, тој добро говори и англиски, а се потруди добро да го разбираат и во Шпанија каде покрај шпанскиот добро говори и каталонски. Тој добро го говори и италијанскиот јазик како и францускиот. Сепак, Мурињо се надмина себе си најавувајќи дека поради неговиот фудбалер во Тотенхем Хјонг-мин Сон почнал да учи и корејски јазик.

„Комуникацијата е многу важна кога си дел од група. Мора да имате почитување кон културата на клубот и да го говорите јазикот на луѓето кои го створиле клубот. Се трудам со секој фудбалер да говорам на неговиот јазик, па затоа почнав да учам и корејски“, изјави Мурињо. 

„Специјалниот“ сака да говори со неговиот напаѓач на мајчиниот јазик и покрај тоа што Сон течно говори англиски.

Се вчитува...