Неверојатните Јокиќ и Лавин недоволни за победи на Денвер и Чикаго, 55 поени на Дејвис

Никола Јокиќ една асистенција го делеше од трипл-дабл учинок проследен со 32 поени и 16 скока на дуелот против Њу Орлеанс, но новата неверојатна партија на српскиот интернационалец не беше доволна за Денвер да избегне убедлив пораз од 121-106. Алварадо со 38 поени беше незапирлив за домашниот тим.

Одличен натпревар одигра и Зек Лавин кој постигна 41 поен и 8 скока во поразот на Чикаго на гостувањто кај Сакраменто со 110-101. Лидер на домашниот состав беше Монк со 20 поени и 5 асистенции.

Ентони Дејвис со фантастичен дабл-дабл учинок од 55 поени и 17 скока го предводеше Лејкерс до третиот триумф во низа, овој пат совладувајќи го Вашингтон на гостински терен со 119-130. Криштапс Порзингис беше прво име кај домаќините со 27 поени и 9 скока.

Останати натпревари:

Сан Антонио – Феникс 95-133
Бруклин – Бостон 92-103
Деторит – Мемфис 112-122
Њурјок – Кливленд 92-81
Портланд – Индијана 116-110

Се вчитува...