Неверојатно: Арсенал му плаќа на Озил 10 милиони фунти за да си замине

Арсенал подготви неверојатна понуда – „топчиите“ се подготвени да му платат на Месут Озил 10 милиони фунти само за германскиот интернационалец да го напушти клубот каде воопшто не се смета на неговите услуги. Ставот на Артета е јасен – Озил не му е потребен во тимот, но управата има проблем да се ослободи од плејмејкерот кој со 350.000 фунти неделна плата е убедливо најплатен играч во екипата.

Токму загарантираната плата што никој друг во Европа не може да му ја понуди е причината поради која Озил во последните две години одби неколку интересни понуди, па челниците на лондонскиот клуб решија да почнат да преговараат со Германецот – за раскин на неговиот договор. Наместо 18-те милиони фунти што му следуваат на Озил, на овој фудбалер би му било веднаш исплатени 10 милиони фунти, по што тој ќе може како слободен играч да замине во друг клуб и да преговара за повисока плата.

Англиските медиуми не ја отфрлаат можноста доколку Озил се договори за помалку од осум милиони фунти неделна плата (што е многу веројатно), Арсенал да ја покрива разликата за сезоната 2020/21, се со цел овој фудбалер што поскоро да си замине од „Емирати“.

Се вчитува...