Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Англија, Рој Хоџсон влезе во рубриката верувале или не. Тој во моментов е на чело на Кристал Палас, но во деновите кога го водеше Ливерпул, искусниот стратег направил неверојатна грешка. Шведскиот интернационалец Александар Качаниклиќ вели дека по грешка од Рој Хоџсон бил исрпатен во Фулам.
„Кога потпишав за Фулам зборував на телефон со Хоџсон и ми кажа дека избрал грешен Алекс. Тој, мислел да продаде друг Алекс, а не мене. Сепак, беше прекасно, грешката веќе беше направена и немаше враќање. Многу забавно“, изјави Качаниклиќ.
Качаниклиќ беше дел од младинската школа на Ливерпул од 2007 до 2010 година, а очигледно поради Хоџсон не премина и во сениорскиот тим на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА