Неверојатно – Карим Бензема постигна два гола во иста секунда

Карим Бензема синоќа во ремито на Франција против Португалија од 2-2 беше стрелец на двата гола за својата репрезентација. Интересен е податокот што иако беа во различно полувреме двата гола на Бензема беа во истата минута и истата секунда.

Имено првиот гол тој го постигна во судиското надополнување во првото полувреме односно во 46:44 минута, додека вториот гол беше постигнат во истата минута, но во второто полувреме.

 

Се вчитува...