Неверојатно: Коронавирусот ги чинеше гигантите осум милијарди евра

Водечките европски фудбалски клуботи поради пандемијата на коронавирус ќе загубат повеќе од осум милијарди евра, стои во извештајот на УЕФА.

Извештајот покажува дека половина од оваа сума е изгубена во продажбата на влезници, 2.7 милијарди евра од спонзорските договори и 1.4 милијарди на основа на приходи од емитувања на ТВ канали.

Големите загуби драстично се одразија и на трансфер роковите. Зимскиот трансфер рок има пад од 56 отсто во однос на претходната година, додека летниот има загуба од 39 отсто.

Се вчитува...