Неверојатно: Одбраната на Челси и триото Меси-Нејмар-Мбапе имаат ист број на погодоци (ФОТО)

Со доаѓањето на Лео Меси во ПСЖ се очекуваше неверојатен блесок на „светците“ и „убиствен“ напад откако дуото Нејмар-Мбапе стана трио, меѓутоа коцките не се посложија како што раководството се надеваше. И покрај тоа што парижани се наоѓаат на врвот на табелата во франуциското првенство и изборија место во следната фаза од Лигата на Шампионите она што загрижува за големите амбиции е реализацијата на нападот.

Имено, Лео Меси, Нејмар и Килијан Мбапе досега комбинираа само 16 погодоци во француското првенство и Лигата на Шампионите, исто колку и одбраната на актуелниот шампион на Европа, Челси која ги брои Рудигер, Кристенсен, Чалобах, Силва, Чилвел, Алонсо и Џејмс.

Најрасположен од триото на парижани е Мбапе со вкупно девет гола од кои два во ЛШ и седум во Лига 1. Зад него е Меси со вкупно четири гола од кои три во елитното фудбалско натпреварување, за разлика од Нејмар кој оваа сезона само три пати ја тресеше мрежата на противникот, а кризира во ЛШ каде сеуште го чека на првиот гол.

За разлика од нив, одбраната на Челси во новата сезона блеска. Покрај тоа што „сините“ примија само пет гола во Премиерлигата и Лигата на Шампионите беа активни и на спротивната страна од теренот. Џејмс пет пати ја тресеше мрежата на противникот, Чилвел и Чалобах по три пати, Рудигер два пати, а Кристенсен, Силва и Алонсо по еднаш.

Се вчитува...