Неверојатно: Поради фотографија им беше одземен трофејот

Неверојатна случка ни доаѓа од Азија каде се играше пријателскиот фудбалски турнир Панда куп. Панда куп е турнир кој се игра во Ченгду, Кина, а на него учествуваат репрезентации од Азија, а годинава меѓу учесниците беше и Нов Зеланд.

Победник беше У18 екипата на Јужна Кореја која забележа три убедливи победи на турнирот. Сепак, трофејот им беше одземен поради фотографија која фудбалерите ја објавија на социјалните мрежи. Еден од фудбалерите ја стави ногата на пехарот, што во Кина беше сфатено како скандалозен потег, по што трофејот на Корејците им беше одземен.

Се вчитува...