Неверојатно: Реал Мадрид по 120 години – за првпат без ниту еден Шпанец во стартниот тим

Реал Мадрид претрпе пораз на гостувањето против Вилјареал, но овој меч нема да биде запишан во историјата на „кралскиот клуб“ по поразот, туку по податокот дека ова беше прв меч на кој шпанскиот гигант настапил без ниту еден шпански играч во своите редови.

Анчелоти вообичаено ги ротираше Васкез и Карвахал на десната бековска позиција и секогаш имаше најмалку еден Шпанец во тимот, некогаш меѓу стартерите беше и Асенсио, но овојпат ниту еден домашен играч не се најде на листата од 11 играчи на тренерот на „кралевите“ што стартуваа на „Ел Мадригал“.

Во стартниот состав имаше тројца Французи (Менди, Чуамени и Бензема), двајца Бразилци (Винисиус и Милитао), двајца Германци (Ридигер и Крос) и по еден Хрват (Модриќ), Белгиец (Куртоа), Австриец (Алаба) и Уругваец (Валверде).

Минатата сезона во Лигата на Шампионите, на мечот со Шериф, за првпат се случи Реал да заврши еден меч со 11 странци (Куртоа, Родриго, Милитао, Алба, Крос, Модриќ, Валверде, Камавинга, Јовиќ, Винисиус и Бензема), тогаш стартер беше Лукас Васкез, но денеска повторно беше испишана историја… шпанскиот гигант без ниту еден Шпанец во своите редови.

Се вчитува...