Неверојатно: Србинот Јовиќ постигна пет гола во триумфот на Ајнтрахт од 7-1! (ВИДЕО)

Младинскиот репрезентативец на Србија, Лука Јовиќ стана првиот Србин кој стигнал до хет-трик во една од најсилните пет лиги во Европа. Но, и тоа не е ништо ако се знае дека Јовиќ вечерва постигна пет гола во победата на неговиот Ајнтрахт од 7-1 против Фортуна Дизелдорф во 8. коло од Бундеслигата.

Феноменалната голеада Јовиќ ја почна во 26. минута, тогаш за 2-0 на Ајнтрахт, а потоа стрелаше и во 34., 55., 69. и 72. минута заокружувајќи ја сопствената „петарда“ која им ја сервираше на гостите. Притоа голот за водство од 3-0 на Ајнтрахт беше вистинско ремек дело кое вреди да се погледне….

Јовиќ по осум кола во Бундеслигата сега изби на чело на листата на најдобрите стрелци со вкупно седум погодоци, пред Пако Алкасер од Борусија Дортмунд кој има шест погодоци.

Се вчитува...