Невестата „главна“ на дербито Вардар – Работнички (ФОТО)

Вардар и Работнички не покажаа премногу во првото полувреме од премиерниот дуел од третото коло во Првата фудбалска лига. Без голови и речиси без шанси во првите 45 минути, па затоа „славата“ ја зема невестата која имаше фотосесија на арената „Тодор Проески“ во пресрет на почетокот на мечот. Очигледно со „црвено-црна“ крв, невестата и младоженецот сакаа да го овековечат стапувањето во брак и со „комитска позадина“.

На теренот, неколку обиди на двете страни, но без ефект. Херера шутираше од далечина и ги загреа дланките на Гачевски, а Колевски и Аврамовски беа најголема закана за Шишковски. Но, без голови по првиот дел…

 

Се вчитува...