Невиден хаос во Берлин: Тепачка меѓу навивачите на Фенербахче и Панатинаикос (ВИДЕО)

Во пресрет на првото полуфинале во Евролигата, во кое од 18 часот ќе се сретнат Панатинаикос и Фенербахче, на улиците на Берлин дошло до општа тепачка. Како и претходните денови дојде до конфликт меѓу две навивачки групи, кои се најбројни на овој фајналфор.

Иако натпреварот се уште не започнал, пред салата дошло до пресметка, поради што полицијата има полни раце работа. Има повредени, но и уапсени, но нивниот број не е познат.

Исто така, од местото на настанот пристигнуваат информации дека голем број турски навивачи сакаат да влезат во салата без билет.

Се вчитува...