Невиден малер: Каде и да игра, тимот испаѓа од лигата

Бразилскиот дефанзивец Фабио Переира да Силва едноставно нема среќа кога станува збор за неговиот избор на клубови. Овој 26-годишен фудбалер во 2008 година заедно со неговиот брат близнак Рафаел, пристигнаа во Манчестер јунајтед како надежни таленти на бразилскиот фудбал.

Сепак, Фабио не ја доби вистинската шанса на „Олд трафорд“, па така во 2012 година одлучи да ја смени животната средина и да побара клуб во кој редовно ќе настапува во првите единаесет. Се пресели како позајмен играч во КПР, настапи на 21 натпревар, но клубот од Лондон не успеа да остане во најелитната лига во Англија. Во 2014 година беше продаден на новите премиерлигаши Кардиф, но клубот во првата сезона се врати во втората лига. Фабио одигра 65 меча во дресот на велшкиот тим, а тие веќе три сезони се во Чемпионшип.

Од Кардиф беше продаден на Мидлсброу пред почетокот на оваа сезона, уште еден тим кој се избори за промоција во Премиер-лигата. Иако клубот имаше поставено високи цели и потроши голема сума за засилувања, Мидлзбро по само десет месеци ќе се врати назад во втората дивизија.

Очигледно е дека Фабио нема среќа кога станува збор за неговата фудбалска иднина, што значи дека треба добро да размисли и да дискутира со неговиот агент кога избира нов клуб.

Се вчитува...