Невиден скандал во Барселона – Поранешни директори го нарекувале Меси „стаорец, хормонско џуџе“…

Голем скандал го тресе шпанскиот и каталонски фудбал откако весникот „Периодико“ објави скандалозни пораки меѓу поранешните директори на Барселона на сметка на првата ѕвезда, Лионел Меси.

Станува збор за поранешни раководни лица од ерата на Жозеп Марија Бартомеу, поранешниот претседател кој го остави клубот заглавен во долг од 1,3 милијарди евра поради кој Меси во 2021 година го напушти каталонскиот гигант и замина во ПСЖ.

Станува збор за пишан разговор меѓу соработниците на Бартомеу: Оскар Грау, Жорди Моч, Ориол Томас, Давид Белвер, Панчо Шродер, Хавиер Собрино и Гонзало Понти.

„Барто, не може да бидеш толку добар кон овој стаорец од канализација. Клубот му даде, а тој спроведува диктатура. Се него го прашуваат, за засилувања, за трансфери, за нови договори, спонзорски договори… Се него. Јас не би можел. Најлоши се тие уцени! Непристојност на тоа хормонално џуџе кон сите нас кои работиме во клубот на кого му должи живот. Но, кога работите ќе тргнал на лошо, тебе ти доаѓа порака: Претседателе, на другите намали им плата, ама мојата и на Луис не ја пипкај!“, напишал Понти.

Се вчитува...