Невидена глупост: Раул Хименез доби два жолти картони за 30 секунди и беше исклучен против Манчестер Сити

Раул Хименез ја направи најголемата глупост во досегашниот дел од Премиер-лигата откако напаѓачот на Вулверхемптон со својата почетничка реакција го остави тимот на цедило на гостувањето против Манчестер Сити.

Мексиканецот доби жолт картон поради старт на средината од теренот, потоа десетина секунди одбиваше да се оддалечи од местото на слободниот удар, па Родри паметно „го намести“ да добие и втор картон, автоматски и исклучување.

Резултатот по првите 45 минути е 0-0, но Сити сега има голема предност во обид да стигне до победата.

 

Се вчитува...