Невил: Стерлинг ќе биде најважниот играч на Англија во финалето против Италија

Легендарниот дефанзивец на Англија, Гери Невил го прокоментира претстојното финале на Евро 2020 меѓу „Трите лава“ и Италија.

Невил верува дека најважен играч на овој натпревар за домаќините ќе биде Рахим Стерлинг, кој беше човек на одлука и на неколку претходни средби на „гордиот албион“ на овој шампионат.

„Да ме прашавте пред неколку денови, ќе кажев дека нашиот најзначаен играч на турнирот е Пикфорд. Имаше одлични одбрани. Лук Шо беше неверојатен, Кајл Вокер исто така брилијантен. Калвин Филипс доминираше на средината на теренот. Сега ќе мора да најдеме начин да ги разделиме Кјелини и Бонучи, можеме да го користиме Стерлинг за да напаѓаме покрај нив. Тој мора да биде клучот за успех бидејќи тие ќе внимаваат повеќе на Хари Кејн“ – вели Невил.

Се вчитува...