Невил: Ван Гал е најлошиот тренер на Манчестер Јунајтед по ерата на Фергусон

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека Луис Ван Гал е најлошиот тренер што го имал Манчестер јунајтед по ерата на Сер Алекс Фергусон. Невил му одговори на Холанѓанецот, кој во интервју изјави дека нема голема разлика во играта на Јунајтед под водство на Мурињо и на Солскјер.

„Видов дека Ван Гал пред некој ден рече дека Солскјер има иста идеја како и Мурињо, но дека победува. Се што имам да му кажам е дека Јунајтед под негово водство беше најлош. И со Мурињо на клупа играа подобро, иако не играа како што навивачите сакаат. Имаше многу промени во последните пет години, доаѓаа големи менаџери, но се беше залудно. Солскјер ја врати радоста на навивачите“, изјави Невил.

Солскјер вчера доби договор за постојан менаџерски ангман со важност од три години.

Се вчитува...