Неволји за Шпанецот во Милано: На Кастилјехо му впериле пиштол в глава и го ограбиле

Италија полека се извлекува од здравствената криза, но очигледно дека сега доаѓаат огромните финансиски проблеми. Го почувствувал тоа шпанскиот интернационалец Саму Кастилјехо кој е член на Милан. Тој бил ограбен откако непознати лица му впериле пиштол во глава.

„Што е со Милано? Двајца крадци ми вперија пиштол во глава и ме ограбија“, објави Кастилјехо на Инстаграм.

Фудбалерот спасил жива глава, но видно е вознемирен и побарал од клупското раководство дополнителна заштита.

Се вчитува...