„Невозможна мисија“: Монако, Олимпијакос и Панатинаикос играат и против традиција

Разигрувањето за место на финалниот турнир на Евролигата донесе суперинтересни плеј-оф средби по кои Монако, Олимпијакос и Панатинаикос и покрај тоа што влегоа како фаворити со средбите со Фенербахче, Барселона и Макби имаат негатива од 2-1 и се наоѓаат пред елиминација.

А, покрај тоа што играат против мотивирани тимови кои целат кон завршување на серијата и билет за Берлин, играат и против традицијата. Според Дариус Гаруолис, од сезоната 2008/09 во која беше воведна четвртфиналната серија за подобар од пет натпревари, 42 пати се случувало еден тим да има негатива од 2-1 во серијата. Од нив само шест тима се избориле да дојдат до изедначување и да се пласираат на „фајнл-фор“ турнирот.

Тоа во два наврати и помина од рака на Барселона која во сезоните 2008/09, односно 2012/13 ги совлада Басконија и Панатинаикос, Панатинаикос кој во сезоната 2011/12 славеше токму против Макаби, Локомотив Кубањ кој во сезоната 2015/16 славеше со Барселона, Олимпијакос кој во 2016/17 го доби Анадолу Ефес и Реал Мадрид кој ланската сезона приреди сензација со Партизан.

Победа во четвртиот натпревар од серијата на францускиот и двата грчки тимови ќе донесе „мајсторка“ за која статистиката вели дека секогаш таа е во полза на домашниот тим.

Се вчитува...