Не случајно велиме дека Плазма Спортските игри за млади носат уникатно доживување и спомени за цел живот за сите учесници. Македонија за првпат оваа година стана дел од СИМ, кој прославува 30 години од своето постоење.
Овие денови во Сплит се одржува големото меѓународно финале, а истото е збогатено со познати спортски легенди од различни спортови. Сите „симовци“ имаат свои идоли, а Плазма Спортските игри за млади не само што им овозможуваат на младите ѕвезди да направат фотографија со нив, туку и да одиграат натпревар.
Е токму тоа уникатно искуство го имаа и нашите шахисти – Давид Атанасовски, Илијана Велева и Катија Поп Николова. Тие не само што имаа шанса да научат некој потег од англискиот велемајстор Најџел Шорт, туку и да одиграат партија против него.

Плазма Спортските игри за млади три децении негуваат иста мисија – бесплатен и достапен спорт за секое дете.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
