Незадоволство во Реал: Заменетиот играч ја шутираше клупата за резерви

Реал Мадрид одигра без голови на гостувањето во Севилја против Бетис, и така заостанува во битката за титулата во Шпанија. Во 24 меча во Ла Лига, Реал веќе има негатива од девет бодови од Барселона, и се чини сезонава титулата ќе замине во Каталонија.

Веќе неколку дена на големо се шпекулира за лоша атмосфера во соблекувалната на Реал Мадрид. Имаше информација дека неколку играчи веќе јавно го искажуваат незадоволството на Карло Анчелоти. Дека не е се идеално во таборот на „кралевите“ покажува фактот што Лукас Васкез, кој беше стартер против Бетис, но беше заменет и го искажа своето незадоволство.

Васкез откако ја напушти играта, шутираше по клупата, а потоа ја фрли и јакната која економот му ја дал да облече.

„Одработивме добро да направиме повеќе тука, но ни недостасуваше завршница, завршен пас и поради тоа не сме среќни. Март е, знам колку е комплицирано, но ќе се бориме до крај“, рече Васкез по мечот.

Се вчитува...