Микел Хансен во последните десетина години важи за играч од самиот светски врв, но настапите што Данецот ги има во изминатите два месеци се навистина неверојатни. Асот на ПСЖ имаше најубав можен старт на годината, откако на 5 јануари за првпат стана татко.
А раѓањето на синот дефинитивно послужи како дополнителен мотив за данскиот „бомбардер“ на теренот да ги торпедира противничките голмани. Бројките на Хансен во 2019 година се неповторливи – на досегашните 17 натпревари за Данска и за ПСЖ има 17 победи, притоа постигнувајќи 109 погодоци или просек од 6,4 по натпревар.
Ако на ова се додаде дека во меѓувреме Хансен ја одведе Данска до мундијалската круна, a тој се закити со МВП признанието на СП 2019, јасно е дека годинава не можеше да почне подобро за Данецот. А следен предизвик е – прв трофеј на ПСЖ во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА