Незапирливиот Јокиќ го „згази“ и Портланд, ЛА Лејкерс подобар од Сан Антонио

Никола Јокиќ продолжи со „торепдирањето“ на противниците, а овој пат малку му недостасуваше за трет „трипл-дабл“ во низа. Денвер оствари убедлива победа над Портланд со 124-95, а Србинот одигра само 27 минути, имајќи предвид дека победата беше обезбедена уште пред крајот на натпреварот.

На крајот Никола успеа да запише 28 поени и 9 скока, па на тој начин ја продолжи својата нова фантастична сезона. Мекколум постигна 21 поен, тимот од Орегон загуби седум од последните осум натпревари.

 

 

Лејкерси ги добија Спарс на крилјата на Ентони Дејвис, успевајќи да остварат победа од 114-106. Oд останатите натпревари, лесна победа обезбеди Санс, осма во низа, а гостите немаа проблем со Хјустон, кој се навикна да губи.

„Ракетите“ беа поразени во 11 последователни натпревари, а овој пат и воопшто немаа шанси. Феникс постигна 14 тројки, Крис Пол му украде седум топки на ривалот, Хјустон запиша дури 23 грешки, па не е ни чудо што речиси се најслаби во лигата.

Останати резултати:

ЛА Лејкерс – Сан Антонио 114:106
Атланта – Милвоки 120: 110
Шарлот – Голден Стејт 106: 102
Хјустон – Феникс 89: 115
Оклахома – Бруклин 96: 120
Денвер – Портланд 124:95
ЛА Клиперс – Чикаго Булс 90:100

Се вчитува...