Се е исто, само ако го имате Нголо Канте…Минатата година славеше со Лестер, а оваа сезона му донесе шампионска круна на Челси. Тој е првиот фудбалер во историјата на Премиер – лигата, кој успеал двапати последователно да го освои пехарот, но со два различни тима.
Французинот е еден од најповлечените и најскромните фудбалери на Островот во приватниот живот, но е вистински лав на теренот, борејќи се за секоја топка. Нголо Канте ја доби наградата за најдобар фудбалер во Англија за 2016 година, а својата класа ја потврди и во новиот клуб, носејќи ја титулата од стадионот „Кинг Пауер“ на „Стемфорд бриџ“. Само тој се радуваше две сезони по ред, и тоа со два различни клуба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА