НХЛ шампионите ќе одат на прием во Белата куќа

Актуелните шампиони во најсилната хокеарска лига во светот, Вашингтон Капиталс, го прифатија повикот на американскиот претседател Доналд Трамп и во понеделник ќе присуствуваат на пречекот во Белата куќа. За разлика од шампионите во НБА, Голден Стејт Вориорс, и НФЛ, Филаделфија Иглс, кои не сакаат да го посетат Трамп, „капиталс“ ќе ја продолжат традицијата на посета на Белата куќа по освојување на трофеј во една од четирите професионални американски лиги.

„Се радувам на тоа, одвај чекам да ја посетам Белата куќа. Никогаш не сум бил таму, сакам да ја фотографирам и сигурен сум дека ќе биде забавно“, изјави најдобриот хокеар на Вашингтон, Русинот Алекс Овечкин.

Вашингтон Капиталс се првите шампиони кои доаѓаат од главниот град на САД од четирите северноамерикански професионални лиги (НБА, НФЛ, НХЛ и МЛБ) по НФЛ тимот Вашингтон Редскинс во 1992 година.

 

Се вчитува...