Ни Германците не се она што беа – салата се „шминка“ во „5 до 12“

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Германците можеби до неодамна важеа за беспрекорни организатори, но на овој ракометен Мундијал и тие добија „балкански манири“, па работите во салата „Олимпија Хале“ во Минхен ги средуваат буквално во „пет до дванаесет“.

Доказ за тоа е и оваа фотографија од мајстори како ја „шминкаат“ салата на помалку од четири часа пред премиерниот натпревар во оваа арена, во кој силите ќе ги одмерат Македонија и Јапонија.

Дефинитивно, ни Германците не се она што беа…

Се вчитува...