Ни Навас, ни Куртоа: Зидан си го избра синот за прв голман со Хуеска

Зинедин Зидан донесе изненадувачка одлука за вечерашниот натпревар против Рекреативо Хуеска, ставајќи го својот син Лука на голот од првата минута од овој прволигашки натпревар.

Французинот најави дека ќе ги ротира и голманите, но се очекуваше тоа да се однесува на Навас и Куртоа, па ваквата одлука да стартува со Лука Зидан предизвика големо изненадување во шпанската фудбалка јавност.

Зидан продолжува со ротациите во тимот, па така вечерва прв пат стартер ќе биде и Брахим Диаз, кој во јануари пристигна од редовите на Манчестер Сити.

Вечерашниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Рекреативо Хуелва домаќините ќе го стартуваат со следните единаесетмина: Зидан, Одриозола, Начо, Рамос, Марсело, Себалјос, Љоренте, Иско, Брахим, Бензема и Бејл.

Се вчитува...