Ни Реал, ни Партизан – Кампацо завршува кај Дончиќ?

Факундо Кампацо ова лето се поврзуваше со враќање во Европа каде постоеше интерес од најголемите клубови меѓу кои и Реал Мадрид, Фенербахче и Партизан, но желбата да остане да се докажува во НБА лигата најверојатно ќе го задржи во најсилното кошаркарско натпреварување.

За неговите услуги е заинтересиран Далас, преговорите се во тек, а доколку плејмејкерот го засили тимот од Тексас тоа воедно ќе значи и нова соработка со Лука Дончиќ. Аргентинецот и Словенецот заедно настапуваа во дресот на Реал Мадрид во сезоната 2017/18 кога „кралскиот тим“ славеше титула во Евролигата и шпанското првенство.

По заминувањето на Дончиќ во НБА тој ја превзема лидерската улога, а во следната сезона го предводеше својот тим до одбрана на титулата во АЦБ лигата, притоа освојувајќи го и признанието за најкорисен играч.

Се вчитува...