Ни ВАР не му помага на Реал: Евро-гол на Тадиќ за 0-3 на „Бернабеу“

Чудо невидено се случува вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид се наоѓа пред елиминација од Лигата на шампионите откако по 65 минути игра губи 0-3 на домашен терен од Ајакс.

Душан Тадиќ по неверојатниот слалом му асистираше на Нереш за 0-2, а српскиот ас маестралната партија ја круниса со извонреден погодок за трет гол на Ајакс во шпанската престолнина. Неполни пет минути по голот судиите проверува дали топката во раната фаза од акцијата ја минала аут-линијата, за на крајот Феликс Брих да го признае погодокот.

Ајакс поведе со 0-3, а на Реал му се потребни три гола во последните 25 минути за да стигне во четвртфиналето. Марко Асенсио погоди за 1-3, за враќање на надежта меѓу домашните фанови во пресрет на последните дваесет минути од овој суперинтересен натпревар.

 

 

Се вчитува...