Нијокас: Многу работевме со Дејвис за да го победиме Монпелје

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар дојде до сензационална победа на гостувањето кај фаворизираниот Монпелје (25-28) во натпревар од 11. коло од А групата во Лигата на шампионите.

Францускиот бек Оливие Нијокас со шест погодоци беше прво напаѓачко име во таборот на „вардарци“. Тој по мечот изјави дека по доаѓањето на Дејвис во тимот работите тргнале многу подобро.

„Задоволни сме како одигравме. Откако Дејвис пристигна во клубот, ние многу работевме. Овој триумф не е на среќа. Секој играч си ја вршеше својата задача и сите работевме напорно за да дојдеме до посакуваната форма. Не е лесно да се дојде тука и да се победи. Овој триумф е важен за нас, се надевам дека победите ќе ни се множат. Имавме разочарувачки партии на изминатите средби и се надевам дека овој дуел ќе ни биде од голема помош за средбите кои слредат“, изјави Њокас.

Вардар во следното коло на домашен терен ќе го пречека хрватскиот ППД Загреб во меч кој директно ќе одлучува за пласман во нокаут фазата во годинашната сезона во елитното натпреварување.

Се вчитува...