Никако не му оди на Јаневски во Египет: Исмаили исфрлен од Лигата на шампионите на Африка

Никако не му оди на поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски по преселбата на клупата на египетскиот Исмаили.

Откако по првите две кола запиша два порази со Исмили во африканската Лига на шампиони, сега неговиот клуб уште и доби комплетно исфрлување од најквалитетното клупско натпреварување на „црниот континент“.

Исмаили доби исфрлање од Лигата на шампионите поради инцидентот кој го предизвикаа навивачите на клубот на претходниот дуел против Клуб Африкан од Групата Ц. Мечот беше прекинат при водство од 2-1 на Тунижаните на пет минути пред крајот, откако навивачите на Исмаили почнаа со камења и пиротехнички средства да фрлаат по фудбалерите на двете екипи.

Тимот на Јаневски и во шампионатот на Египет се бори за опстанок. По 16. кола е на 14. место на табелата во египетската лига. Денеска Исмаили славеше на гостински терен со 0-1 што е прва победа за Јаневски во третиот меч на клупата на овој тим.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...