Ники Лауда повторно хоспитализиран

Легендарниот Ф1 пилот, Ники Лауда, повторно е хоспитализиран на Одделението за интензивна нега во клиника во Виена, информира агенцијата ДПА. Тој се пожалил на вирусно заболување и ќе мора неколку дена да биде згрижен под комплетен лекарски надзор. Ова се случува само неколку месеци откако Ники Лауда имаше трансплантација на белите дробови.

Поранешниот светски првак во Ф1 е донесен во болница поради превентивни мерки, откако добил вирусно заболување заедно со уште еден член од семејството.

„Планираме да го задржиме Лауда неколку дена и да ја следиме неговата здравствена состојба. Се работи за вирусно заболување и тој ќе се чувствува многу попријатно доколку биде под лекарски надзор“, објаснија од клиниката во Виена.

Се вчитува...