Нико Ковач: Баер Леверкузен шутна четири пати и ни даде три гола

Баерн Минхен доживеа непријатен пораз (3-1) на гостувањето против Баер Леверкузен и тоа не му падна драго на тренерот Нико Ковач. Тој смета дека неговиот тим заслужил најмалку реми, а поништениот гол влијаел на конечниот епилог.

„Не заслуживме да загубиме. Тоа немаше да се случи, доколку не ни беше поништен погодок. Имавме игра, доминиравме и затоа уште повеќе боли што загубивме. Баер Леверкузен шутна четири пати кон нашиот гол и ни даде три гола“, изјави Нико Ковач.

Баерн Минхен падна на третата позиција на табелата во Бундес-лигата со 42 бода, колку што има и второпласираната Борусија Менхенгладбах. На првото место е Борусија Дортмунд со седум бода позитива во однос на двата ривали.

Се вчитува...