Нико Ковач: Бундес-лигата е многу поквалитетна од лани

Германскиот првак Баерн Минхен го заокружи првиот дел од сезоната во Бундес – лигата на втората позиција, со шест бода негатива во однос на лидерот Борусија Дортмунд. Ова секако не им се допаѓа на фановите на баварскиот клуб, но тренерот Нико Ковач ги уверува дека тимот докрај ќе се бори за да го сочува шампионскиот трофеј во своите витрини. Тој вели дека оваа сезона Бундес-лигата има значително повисок квалитет.

„Баерн Минхен повторно е силен, ја вративме самодовербата и ќе се бориме за титулата до самиот крај. Имаме шест бода помалку од Борусија Дортмунд, но има и уште многу да се игра во 2019 година. Мора да напоменам и дека квалитетот на Бундес-лигата во целина е значително поголем оваа сезона“, изјави Нико Ковач.

 

Се вчитува...