Нико Ковач: Ливерпул заслужено не елиминира, овој Баерн е многу лимитиран

Германскиот првак Баерн Минхен доживеа непријатна елиминација од Ливерпул во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако загуби на „Алијанц арена“ со 1-3. Тренерот на баварскиот тим Нико Ковач призна дека англискиот претставник сосема заслужено оди во следната рунда.

„Ливерпул заслужи да не елиминира во двата меча. Беа навистина подобри и треба да им честитаме. Баерн Минхен за жал покажа дека е лимитиран тим во Лигата на шампионите. Не можам да им замерам на фудбалерите за желбата, но направивме многу грешки, а тоа одличен тим како Ливерпул знаеше да го казни“, изјави Нико Ковач.

По 13 години, Германија останува без претставник меѓу осумте најдобри тимови во Лигата на шампионите.

Се вчитува...