Нико Ковач му ги нуди на Брозовиќ убавините на Монте Карло

Хрватскиот стратег Нико Ковач се обидува да го засили тимот на Монако со сонародникот Марсело Брозовиќ кој е член на Интер. Тој на „нероаѕурите“ им понуди 22 милиони евра за одличниот играч за врска, а на фудбалерот одлични услови и секако убавините што ги нуди Монте Карло.

Ковач од оваа сезона е тренер на „кнезовите“ и сака да формира респектабилен тим кој би можел повторно да се наметне како еден од конкурентите на ПСЖ во битката за шампионската титула.

Италијанските медиуми подолг период најавуваат дека Брозовиќ би можел да го напушти Интер. Антонио Конте сакаше да го искористи како дел од размена со Челси по која на „Џузепе Меаца“ би пристигнал Н’Голо Канте.

Се вчитува...