Нико Ковач позитивен на коронавирус

Француски Монако објави дека двајца членови на тимот се позитивни на Ковид-19, притоа не објавувајќи го нивниот идентитет.

„Две лица од клубот се позитивни на коронавирусот и превентивно изолирани од останатите вработени. Тие се под мерки на изолација и под медицински надзор“ – објави Монако.

Сепак, најугледниот француски спортски медиум, „Л’Екип“ ги откри имињата на двајцата позитивни, тренерот Нико Ковач и голманот Бенјамин Лекомт. И двајцата го пропуштија вчерашниот пријателски натпревар со Ница.

 

„Л’Екип“ пренесува дека Ковач е без симптоми во самоизолација. Но, со оглед на фактот дека до четвртокот го водеше тимот на тренинзите нема да биде изненадувачки доколку има и други позитивни во тимот.

Се вчитува...