Нико Ковач загуби авторитет во Баерн: Шефе, ние играме фудбал, не возиме на „Тур де Франс“

Германскиот првак Баерн Минхен е во резултатска криза, а се погласни се шпекулациите дека фудбалерите не ги прифаќаат добро методите на работа на тренерот Нико Ковач. Тој како задолжителен дел од тренинзите вовел и 20-минутно возење велосипед, а тоа воопшто не им се допаѓа на фудбалерите. Дури имало и конкретни реакции.

„Шефе, ние фудбал играме, а не возиме на „Тур де Франс“. Подобро се снаоѓаме со топката“, одбрусил Франк Рибери.

Се чини дека Нико Ковач, кој ова лето од Ајнтрахт Франкфурт дојде на „Алијанц арена“ и седна на клупата на Баерн Минхен, полека го губи тлото под нозете во баварскиот тим.

Се вчитува...