Нико Крањчар во солзи и емотивен говор се прости од својот татко – Ти благодарам за насмевката и љубовта

Денес во Загреб се одржа комеморација за легендарниот Златко „Цицо“ Крањчар. Семејството, пријателите, поранешните соиграчи и навивачите за последен пат се збогуваа со прославениот поранешен хрватски фудбалер и тренер, кој почина на 1 март на 65-годишна возраст.

Неговиот син Нико пристигна денес во специјална маица на која пишува „Purger“, па во солзи одржа проштален говор. Му се заблагодари на својот татко и плачеше долго време додека зборуваше за она што го научил од него.

“Ти беше мојот идол, беше добар дух и ќе останеш таков долго. Рече дека мајка ми ме воспитала, но не беше така. Ти ме одведе во Рапид на тренинг, па така успеав да се заљубам во фудбалот. Ме оставаше да се борам сам и така да научам да бидам храбар. Ти ме научи на пример дека ја сакам и ценам мојата припадност, ме научи како да бидам вистински граѓанин на оваа земја и да се чувствувам како Хрват. Најголемата лекција што ја научив од тебе е дека на овој свет ние сите сме еднакви. На сите треба да им се даде барем една насмевка, тоа никој ништо не го чини. И тато, треба да знаеш дека ти не си замина, секогаш ќе останеш со нас. Те сакам, те сакаме и ти благодарам од дното на моето срце, твој син“, прочита Нико во солзи, и на крајот од говорот се смееше во чест на „Цицо“, кому насмевката му беше заштитен знак.

Се вчитува...