„Никогаш немам видено некој како Надал“

Легендарниот американски тенисер, Џон Мекинро смета дека Рафаел Надал е најголемиот борец во историјата на „белиот спорт“.

Шпанецот 14 пати го освојуваше Ролан Гарос, а засега е лидер по бројот на освоени гранд-слем титули (22) откако има една повеќе од Новак Ѓоковиќ.

„Никогаш не сум видел некој како Рафаел Надал. Мислев дека Џими Конорс е „фајтер“ додека не го запознав Рафа. Тоа што го прави тој е лудо. Тоа е неговиот најголем квалитет“, изјави Мекинро. 

Се вчитува...