„Никогаш немојте да ме споредувате со Коби Брајант“

Првата ѕвезда на Феникс Санс, Девин Армани Букер познато е дека е голем фан на Коби Брајант. Букер беше драфтуван во НБА лигата во 2015 година, сезона во која легендарниот Брајант се повлече од лигата. Нивната поврзаност е уште поголема бидејќи Коби уште на стартот предвидуваше дека Букер ќе биде голем играч.

Сепак и покрај се младиот кошаркар на Феникс не сака да го споредуваат со легендарниот кошаркар.

„Навистина не размислувам многу за тоа. Знам дека сега сите ќе ме прашаат, но јас не ја направив сам таа споредба. Ќе оставам само на тоа се што направи за мене како ментор и на советите кои ми ги даде, а ќе земам дел од неговиот пристап и менталитет. Но, никогаш не треба да бидам споредуван со Коби Брајант“, изјави Букер. 

Се вчитува...