Никогаш посилна конкуренција за влез во „Куќата на славните“

Познатите српски тренери Душан Ивковиќ и Ранко Жеравица се номинирани за влез во кошаркарската „Куќа на славните“ во Спрингфилд во класата 2023. На списокот кандидати за прием во „Куќата на славните“ се најде и поранешниот југословенски кошаркар Мирза Делибашиќ.

Листата на играчи ја предводи легендата на Мајами Хит, Двејн Вејд, а номинацијата ја заслужија легендарниот тренер на Сан Антонио Спарс, Грег Попович, како и Тони Паркер.

Дирк Новицки кој во 2011 година го предводеше Далас до единствената шампионска титула, а со 31.560 поени се наоѓа на шестото место на листата на стрелци во НБА исто така е меѓу номинираните. А, туака е и Шпанецот, Пау Гасол. Гасол во „Куќата на славните“ носи два НБА прстени освоени со Лос Анџелес Лејкерс (2009 и 2010 година), како и голем број медали со шпанската репрезентација, единствено што му недостасува е олимпиското злато.

Класата за 2023 година ќе биде објавена на 1. април, за време на финалето на НСАА лигата чиј домаќин е Хјустон. Церемонијата за воведување во Кошаркарската Куќа на славните ќе се одржи во Спрингфилд на 12. август.

Се вчитува...