Никој како Дамјан – најтрофеен кошаркар во историјата на мак-баскетот

Дамјан Стојановски го крена шампионскиот пехар со МЗТ Скопје, со што искусниот крилен играч испиша историја како најтрофеен во мак-баскетот.

За Дамјан ова беше вкупно 11. шампионска титула, со што долгогодишниот репрезентативец го остави зад себе братот Огнен Стојановски, како и Марјан Ѓуров со по 10 шампионски трофеи.

Дамјан веќе е на врвот на листата и по бројот на освоени куп-трофеи, со што капитенот на МЗТ е апсолутен владетел кога станува збор за пехарите на македонската кошаркарска сцена.

Се вчитува...