Никој како Пеп Гвардиола – 20 трофеи за 10 години

„Магнет“ за трофеи е Пеп Гвардиола. Менаџерот на Манчестер Сити додаде уште еден во својата колекција, откако денеска го освои и пехарот во ФА Купот со победата над Челси од 1-0.

Поранешниот тренер на Барселона го направи Сити најдобар клуб во последните 10 години.

Досега во својата кариера Пеп го освои 41-виот пехар, или 2,56 по сезона, што е навистина неверојатно.

Во првата сезона на клупата на Сити не освои ниту еден, а потоа почна неговата „жетва“. Во следната сезона постигна историски успех – ги освои сите четири домашни трофеи.

По водство на Гвардиола, клубот беше шест пати првак на Англија, еднаш европски првак, пет пати триумф на Лига Купот, три пати го освои ФА Купот, и три пехаро го освои Комјунити шилд. Исто така го освои и УЕФА Супер-Купот и Светското клупско првенство.

Се вчитува...