Заминувањето на Симоне Инзаги за Саудиска Арабија воопшто не го „потресе“ Интер како што се надеваа неговите ривали, пред се бидејќи управата на „нероаѕурите“ донесе вистински избор за нов тренер – ангажирајќи го Кристијан Киву.
Неискуството беше главна причина за сомнеж, но Романецот експресно ги демантираше злобниците и го предводеше Интер до своето 21. скудето во клупската историја, осигурaна на неколку рунди пред крајот на сезоната.
Киву со тоа оствари успех што му нема појдено од рака на никого во историјата, со ист клуб да стане шампион како играч, тренер во младинската категорија и потоа во сениорскиот фудбал.
За потсетување, романскиот дефанзивец беше соиграч на Горан Пандев во славната генерација предводена од Жозе Мурињо што ја освои тројната круна во 2010. Потоа, тој во 2022 на почетокот од тренерската кариера, во првата сезона по добиената лиценца стигна до титулата шампион во младинска категорија. за круна да биде сениорското скудето освоено синоќа со триумфот токму над неговиот поранешен клуб Парма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
